Македонија
13. September 2026 - 10:12

На ГП од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. 

Како што соопшти АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15 Април, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона.

На патниот правец Кичево – Охрид, поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и затоа препорачуваме строго почитување на истата и прилагодена брзина на движење.

Информации за движење низ ЈАСЕН:

Скопје – Македонски Брод

од 07:30 – 09:00

од 12:00 – 12:45

од 16:00 – 18:00

Македонски Брод – Скопје

од 06:00 – 07:00

од 10:30 – 11:00

од 13:00 – 13:45

од 18:30 – 20:00.

 

МИА