Македонија
29. January 2024 - 12:23
На два дена по еден заглавен со автомобил на Галичица
16 интервенции од почетокот на годината на заглавени возила на планината Галичица. Забраната за сообраќај на патниот правец Охрид-Ресен, преку Националниот парк „Галичица“ не се почитува, а решение за случајот нема, државните иституции се прогласуваат за ненадлежни а министерството за транспорт и врски две години ги игнорира барањата на Планинарската спасувачка служба и Националниот парк за поставување на физичка забрана односно рампи.
Додески по којзнае кој пат апелира до граѓаните да ја почитуваат сообраќајна сигнализација, несовесните граѓани го користат патот иако не е безбеден а потоа бараат помош.
Од Планинарската спасителна служба велат нивната намена е да помагаат во сериозни несреќи а не на заглавени возила од страна на граѓани.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
