МЗ: Состојбата во Гостивар стабилна, нема нови случаи на западнонилска треска

Епидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции, информира денеска Министерството за здравство.
-Во текот на 1 август се регистрирани вкупно 57 први прегледи, што е за три помалку во споредба со претходниот ден, кога беа евидентирани 60 прегледи. Нема нови хоспитализации, се наведува во соопштението.
Заклучно со 1 август, регистрирани се вкупно 1.041 формална пријава за заразна болест и изработени се 734 нови епидемиолошки анкети.
Во однос на западнонилската треска, до Институтот за јавно здравје не се пријавени нови лабораториски потврдени случаи.
Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје и другите надлежни установи, продолжува внимателно да ја следи состојбата и навремено ќе ја информира јавноста за сите нови сознанија.
МИА
Ново на Сител
-

Гаши нема да оди на Илинден
-

Гостивар се уште без вода за пиење
-

На Инфективна расте бројот на критични пациенти со западно-нилска треска
-

Апелациониот суд – Скопје доби в.д претседател
-

Арбен Фетаи станува специјален претставник во ЕУ – Партиите со бурни реакции
-

Повисока пензија со воведување мултифондови, а не со национализација на приватните пензиски друштва
-

Нови онлајн услуги за земјоделските производители, преработувачите, винарниците и извозниците
-

Преглед на вестите од светот
