Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во Европската Унија мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, на покана на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, учествуваше на панел-дискусијата „The EU and the Western Balkans: Resolving Unfinished Business Together“, во рамки на Дубровник форумот, посветена на европската перспектива на Западен Балкан и иднината на политиката на проширување.
Во обраќањето, министерот Муцунски се осврнал на актуелните иницијативи за постепена интеграција на земјите кандидати во Европската Унија, оценувајќи дека тие можат да бидат значајна алатка доколку претставуваат мост кон полноправното членство.
- Доколку новиот модел на постепена интеграција претставува мост кон полноправно членство, тогаш ќе биде исклучително корисен. Но, мора да внимаваме да не стане алатка која ќе создаде трајна чекална без врата кон целосно членство, истакнал Муцунски.
Тој нагласил дека иницијативите како СЕПА и Планот за раст веќе покажуваат конкретни придобивки за регионот преку поттикнување на реформите и обезбедување директна финансиска поддршка, оценувајќи дека ваквите механизми можат значително да придонесат за побрза европска интеграција.
Осврнувајќи се на процесот на проширување, Муцунски истакнал дека е потребна поголема дисциплина, со појасни стандарди, рокови и исходи, како и покредибилен и попредвидлив пристапен процес.
Во однос на прашањата поврзани со македонскиот идентитет, министерот порачал дека не постои „северномакедонски“ народ, „северномакедонски“ јазик или „северномакедонски“ идентитет, туку единствено македонски народ, македонски јазик и македонски идентитет, нагласувајќи дека секој обид за нивно оспорување ќе наиде на соодветен одговор.
Говорејќи за европската интеграција, Муцунски истакнал дека државата продолжува да испорачува резултати во спроведувањето на реформите и останува целосно усогласена со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, при што, како што посочил, придонесува и пошироко од формалната усогласеност.
Во однос на билатералните односи со Бугарија, министерот оценил дека со новата легитимна влада во Софија постои можност за разговор за отворените прашања, но и за заедничката европска иднина.
- Нашата намера не е само да ги започнеме пристапните преговори и по неколку месеци повторно да се најдеме во истата ситуација. Нашата цел е да ги започнеме и успешно да ги завршиме врз основа на европското законодавство, Копенхашките и Мадридските критериуми, порачал Муцунски.
Во завршниот дел од своето обраќање, како што информираат од МНРиНТ, министерот упати повикл до земјите членки на Европската Унија од Југоисточна Европа за уште поактивна поддршка на европската интеграција на регионот, оценувајќи дека е потребен заеднички напор за искористување на актуелната историска можност.
- Историската шанса постои. На нас е да ја препознаеме и да ја искористиме за да одиме напред, заклучил министерот Муцунски.
МИА
Ново на Сител
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
-

Во Франција за неколку дена регистрирани околу 1.000 смртни случаи повеќе од вообичаеното, соопштија властите
