-->
-->
Мората: Одлуката да го напуштам Атлетико беше погрешна
-->

Фудбалерот на Милан, Алваро Мората, кој настапува за Галатасарај како позајмен, откри за што жали во кариерата.
- Да можам да го вратам времето, немаше да донесам одлука да го напуштам Атлетико. Тогаш не сфатив дека тренерот Симеоне многу ме цени, изјави Мората за „Cadena Ser“.
Мората му се приклучи на Атлетико Мадрид на позајмица од Челзи во 2019 година, една година подоцна трансферот стана постојан. Сепак, неколку месеци подоцна фудбалерот се пресели во Јувентус на позајмица, по што мина две години во Атлетико и во 2024 година се пресели во Милан.
Има играно и за Реал Мадрид, а во шпанската репрезентација првиот повик го доби во 2014 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сејф сити ќе казнува мотори и тротинети
-

Цените кај храната стабилни, ако има потреба Владата ќе носи мерки
-

Жените да создадат навика за редовни гинеколошки прегледи
-

Нов повик за финансиска поддршка на мали претпријатија
-

ВМРО-ДПМНЕ: Советот на обвинители да го испита работењето на Абази
-

Уште две девојчиња пријавиле недолично однесување на наставникот од Штип
-

Преглед на вестите од светот
-

Владата ќе ги продолжи мерките за горивата кои истекуваат во понеделник
