-->
-->
Моминската вечер ја ондела во смрт - Пет девојки загинаа
-->

Трагедија во Сан Франциско. Моминска вечер завршила трагично. Пет жени изгореа до смрт, а четири се повредени во пожарот што ја зафатил лимузината во која се возеле вечерта пред свадбата на медицинската сестра Нериза Фојас.
По забавата се враќале кон хотелот кога една од нив почувствувала чад. Оганот се проширил со молскавична брзина. Пет од девојките загинаа, а четири успеајле да излезат. Две од нив се во критична состојба.
Полицијата ја пренесе приказната на возачот Орвил Браун дека додека го минувале мостот „Сан Матео“, забележал чад од лимузината, а по неколку секунди лимузината пламнала.
Чадот избил од задниот дел и веднаш букнал оган. Петте жени кои загинаа биле заглавени, не можеле да се спасат.
Едната од загинатите е несудената невеста, Нериза Фојас. Аутопсијата на телата ќе опфати токсиколошки тест, а ќе се испита и дали на телата на загинатите кои оганот ги зафатил со молскавична брзина, имало истурен алкохол или бензин.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Одрон од карпа на влезот на Радожда
-

Сопрена истрага за Капушевски и Јахоски за набавката на мазут за ТЕЦ Неготино
-

Студен старт на односите со новата бугарска дипломатија
-

Концерт на Дејвид Гета за 35-годишнината од независноста на Македонија
-

Стрктурни реформи и таргетирани мерки за побрз раст – порака од “Македонија 2025”
-

Се инвестира во патна инфраструктура
-

Топлото време ги донесе змиите поблису до градските населби
-

Муцунски: Бугарија да го препознае стратешкиот момент
