Македонија
5. September 2026 - 14:23

Млад Турчин уапсен во Охрид, осомничен за посредување во проституција

На 03.09.2026 во 11:00 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, лишен од слобода е Р.К.(24) од Истанбул, Република Турција. Тој, се сомничи дека врбувал,  поттикнувал, намамувал или учествувал во предавање на лице на друг, заради вршење проституција. 

По целосно расветлување и документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопшти МВР.