Министерството за спорт најостро ги осудува случувањата на финалето од фудбалскиот Куп на Македонија!

По последните случувања на финалето од фудбалскиот Куп на Македонија помеѓу Силекс и Шкендија, би сакале да го дадеме следново соопштение:
„Министерството за спорт најостро ги осудува свирежите на националната химна од страна на навивачите на Шкендија, но уште повеќе нè загрижува однесувањето на играчите кои одбија да ги примат медалите по завршувањето на натпреварот.
Во последниов период имаше повеќе настани што доаѓаат од повеќе страни (спортски работници, фудбалери, навивачи, клубови) кои штетат на угледот на федерациите, државата и, крајно на спортот, наспроти она што треба да претставува спортот!
Би сакале да ја известиме јавноста, но и сите страни кои се вклучени директно или индиректно во клубовите, дека Министерството за спорт пристапува кон разгледување на можноста за измени во Законот за спорт со кои ќе ги прошириме ингеренциите на државата со цел ваквите појави да бидат сериозно санкционирани.
Казните ќе бидат во делот на добивањето државна помош, а во крајна линија ќе се предвиди и постапка за одземање на решенијата за дејност спорт, со што ќе се губи правото на настап во националното првенство.
Воедно, ја повикуваме и Фудбалската федерација на Македонија да го промени својот првилник кој би бил многу поригорозерн во санкционирањето на нарушувања од секаков вид.
Согласно сите меѓународни правни инструменти за што сите земји во светот имаат постигнато општ консензус, ваквите и слични девијантни појави не смеат да бидат секојдневие во спортот, вклучително и во македонскиот спорт и во таа насока, Министерството за спорт ќе направи сè за да ги заштити националните интереси и интересите на спортот.
Сите, без исклучок, мора да ги почитуваат правилата пропишани со меѓународните конвенции и останатите меѓународни акти кои се однесуваат на спортот, правилата на државите кои спортот го уредиле да функционира во една легална рамка со сите елементи на државноста и, секако, правилата на националните спортски федерации кои го спроведуваат националниот систем на натпревари.“
МИА
Ново на Сител
-

Продолжуваат спасувачките акции по земјотресот во Колумбија, досегашниот биланс најмалку 164 загинати
-

33-годишен велешанец осомничен за силување на 21-годишна Швеѓанка во ноќен клуб во Охрид
-

Герасимовски: Започнува јавната анкета за Нацрт ДУП-от „Барутана“, граѓаните директно вклучени во одлучувањетo
-

Ендрик нема да го напушти Реал ова лето
-

Девизните резерви во јули зголемени за 74,4 милиони евра
-

Околу 70 илјади домаќинства во Одеса синоќа биле без електрична енергија
-

Августовски испитен рок за матура утре и во петок, полагањето ќе биде во четири градови
-

ЕЦБ ѝ одобри траен пристап на Народната банка до ЕУРЕП – зголемена репо-линија во максимален износ од 50 милијарди евра
