Македонија
2. March 2023 - 16:31

Милошоски чека предлог за амбасадор во Париз, Милевски и Адеми добија зелено светло

Дали Виктор Димовски повеќе не е владин предлог за амбасадор во Франција? Оваа дилема се отвара откако првиот човек  на собраниската комисија за надворешна политика Антонио Милошоски вели дека има такви информации. Токму затоа тој не закажува седница за одбрана на тезите на Димовски и чека нов предлог за амбсадор во Париз. 

Од македонското МНР не ја потврдуваат ваквата одлука за повлекување на Димовски.

Од кабиентот на Пендаровски пак, велат дека шефот на државата немал средба ни со премиерот ни со Османи, ниту пак, е разговарано на оваа тема.

Димовски како директор на Агенцијата за национална безбедност беше инволивран во случајот со пасошот на контроверзниот Онишченко. По утврден безбендосен пропуст во АНБ тој беше разрешен од директорската позиција, но со образоложение дека тоа се прави бидејќи се планира за амбасадор во Франција. 

Собраниската фаза денеска ја поминаа двајца кандидати за амбасадори. Поранешниот министер за локална самоуправа Горан Милевски од ЛДП заминува за Словенија, додека поранешниот министер задолжен за дијаспора Едмонд Адеми во Шпанија, која од јули ќе претседава со Европската Унија.

Двајцата нови амбасадори ветија и економска активност за привлекување на инвеститори од државите во кои се упатуваат, но од опозицијата забележаат дека тоа ќе можат да го направат само ако МНР ги засили амбасадите со кадар, бидејќи сега работат со по еден дипломат.