Миленкоски задоволен од стартот на македонските одбојкари во Европската лига

Селекторот на македонската машка одбојкарска репрезентација Јошко Миленкоски истакна денеска дека е задоволен од прикажаната игра на воведниот турнир од Европската лига што изминатиот викенд се одржа во Струмица.
Макеоднските одбојкари на стартот претрпеа пораз од фаворитот Холандија со 3-0, а во вториот натпревар извојуваа победа од 3-1 над Луксембург и ја остварија целта која претходно им беше поставена.
„Македонија во дуелот со Холандија имаше светли моменти и понуди сериозен отпор. Гледано од наша перспектива, ние игравме подобро со Холандија отколку против Луксембург иако драстично ослабени со неиграњето на еден од столбовите на нашата игра Александар Љафтов. Бевме близу и до освојување на еден сет, што во овој моменти би било еден максимален резултат. Против Луксембург ја оправдавме улогата на фаворити и ги освоивме првите бодови. Со самото тоа ја остваривме првично зацртаната цел и можеме да бидеме задоволни“, изјави Миленкоски за официјалниот сајт на Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ).
Макеоднските репрезентативци денеска имаат слободен ден, додека утре продолжуваат со тренинзи во СЦ „Борис Трајковски“ пред да отпатуваат за Атина, каде претстојниот викенд ги очекуваат новите предизвици во Евролигата.
„Следниот викенд го играме вториот турнир во Атина против репрезентациите на Грција и Исланд. Повторно и тука имаме еден фаворит, тоа е домаќинот на турнирот и една репрезентација како Исланд со која имаме фаворитска улога и императив за победа“, додаде Миленкоски .
МИА
Ново на Сител
-

На Инфективна расте бројот на критични пациенти со западно-нилска треска
-

Апелациониот суд – Скопје доби в.д претседател
-

Арбен Фетаи станува специјален претставник во ЕУ – Партиите со бурни реакции
-

Повисока пензија со воведување мултифондови, а не со национализација на приватните пензиски друштва
-

Нови онлајн услуги за земјоделските производители, преработувачите, винарниците и извозниците
-

Преглед на вестите од светот
-

Гаши: Законот за правична застапеност нема да се донесе тајно, кога ќе има услови да се стави на гласање
-

Промоција на новите електронски услуги на Државниот инспекторат за земјоделство
