Мигранти се обиделе да влезат и во шпанската енклава Мелиља

По големиот мигрантски бран врз Суета, стотици мигранти вчера се обиделе од Мароко да влезат во шпанската енклава Мелиља.
Околу 500 лица се обиделе да влезат во Мелиља, но биле спречени од шпанските безбедносни сили. Два часа подоцна мигрантите се обиделе да ја пробијат граничната ограда.
Мигрантите фрлаа со камења кон безбедносните сили, кои одговорија со солзавец. Сè уште е непознато дали некој од мигрантите успеал да влезе во Мелиља. Граничниот премин Бени Ензар е затворен од синоќа.
Изминатите денови преку Гибралтар речиси 50.000 мигранти нелегално влегле во Сеута.
Шпанската влада соопшти дека десетици илјади мигранти доброволно се вратиле во Мароко.
Шпанскиот министер за надворешни работи Хуан Мануел Алварез на платформата Икс објави дека кризата практично е завршена, бидејќи, според него, речиси сите што влегле во Сеута се вратиле во Мароко.
Тој ја коментираше и вчерашната одлука на Италија за привремена суспензија на Шенгенскиот договор со Шпанија.
Не можете од Сеута и Мелиља да стигнете до Ибериски Полуостров без да поминете низ полициска проверка. Доста со ова намерно предизвикување конфузија, истакна Алварез.
МИА
Ново на Сител
-

Охрид полн со туристи, се бара место повеќе
-

Политички судир за фузијата на градинките во Штип
-

Преглед на вестите од светот
-

Во Центар платени 3.360 евра за квадрат – Цените на становите растат
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

ФК Силекс и оваа сезона со амбиции за висок пласман
-

13 заразени со западно-нилска треска, тројца во критична состојба
-

Дополнителна дезинсекција во Драчево
