Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги доби здравство и социјална политика, демографија и млади, Вреди - култура, односи меѓу заедниците и правда, ЗНАМ - земјоделство

Претседателот на Владата и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва изјави дека во претстојната реконструкција ВМРО-ДПМНЕ добива два нови ресора - здравство и социјална политика, демографија и млади, Вреди - култура, правда и министер за односи меѓу заедниците, додека ЗНАМ го добива министерството за земјоделство, а тие ќе имаат и плус еден заменик министер.
Мицкоски не сакаше пред седницата на Извршниот комитет да ги соопшти персоналните решенија.
Во овој состав на Владата, премиерот рече дека нема да има потпретседател на Владата задолжен за владеење на правото и дека тие работни обврски ќе ги извршува секретар од неговиот Кабинет.
На вечерашната седница на Извршниот комитет Мицкоски кажа и дека ќе ги информира членовите дека во тек се преговори со Турската демократска партија да биде дел од коалицијата што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и има еден пратеник во Собранието. Потври дека владиното мнозинство ќе се зголеми за сметка на коалицијата предводена од ДУИ.
- Очекувам овие разговори да завршат успешно. Разговараме за подолг период кој би завршил со локланите избори во 2029 година- рече Мицкоски.
Во првата фаза, како што кажа, би имало осум смени во зависност од тоа како ќе се завршат преговорите со ДПТ. - Така ќе имаме дополнително уште еден член во рамки на владината коалиција - рече премиерот.
Мицкоски рече дека реконструкцијата која што ја прави како мандатар на Владата на половина од мандатот, всушност значи нова енергија.
-Јас веќе го коментирав принципот на оваа реконструкција, не секогаш треба да менуваме затоа што имаме помала испорака од очекуваната, но исто така секогаш можеме да бидеме подобри од тоа што сме. Тука немам никаква дилема. Понекогаш имаме и промена на приоритетите во рамките на самата коалициона влада и мислам дека оваа реконструкција е комбинација од сите овие столбови за кои што зборувам. Пред членовите на ИК ќе го образложам предлогот со кој што би излегол во парламент бидејќи таква е процедурата и праксата, како мандатар најпрво да се добие поддршка од страна на ИК на партијата за предлогот а потоа да излезам пред парламент и пратениците да го браниме. Така што од прилика тоа кое што ќе следи - посочи Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Уметници од Mакедонија, Бугарија и Грција вечерва во изведба на “Кармина Бурана” во Скопје
-

Мицкоски најави нова средба со маркетите за пониски цени на храната
-

Прилеп доби 8.320 канти и 126 контејнери за селекција на отпад како и 3 нови возила за собирање на отпад
-

Импортиран случај на зика во земјата, заболениот Македонец бил на Малдиви
-

Во Преспа се одржа трката „Prespa run and fun“, спортски настан чија цел е промоција на овој крај
-

Тешка сообраќајка со 10 повредени
-

Oхрид доби културен информатор
-

Преглед на вестите од светот
