Mицкоски со нов повик за дуел со Ковачевски
Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски го кани премиерот Ковачевски на телевизиски дуел за јавноста да ги слушне нивните ставови за менување на Уставот, па граѓаните сами да судат. Понудите на ВМРО-ДПМНЕ биле јасни и концизни, затоа бара власта да каже кои од барањата ќе ги прифати, во спротивно бараат превремени избори наесен.
Ковачевски се уште нема одговор за поканата, но за владејачката партија телевизиското соочување било бескорисно. Лидерите на двете партии се што имале кажале на лидерската. СДСМ повикуваат да се продолжи со процесот на уставни измени.
Повикот на Мицкоски доаѓа откако во јавноста веќе цела недела по лидерската средба се претставуваат дијаметроално спротивни ставови на власта и опозицијата за тоа под кои услови можат да се случат уставни измени.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
