Мицкоски: Секоја генерација има свој Илинден, нашата со задача да ја зачува државата

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во своето обраќање во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, по повод одбележувањето на националниот празник 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, порача дека секоја генерација има свој Илинден, со своја мисија и задача, а сегашната има задача да ја зачува државата силна, да ја направи просперитетна, да ја направи праведна и повторно да ја направи земја во која луѓето ќе веруваат дека вреди да се остане и да се гради иднината.
Тој истакна дека кога денес ги спомнуваме илинденците, кога се поклонуваме пред делото на државотворците од АСНОМ и кога ги изговараме нивните имиња, не го правиме тоа само од почит кон минатото, туку затоа што сакаме да си поставиме едно исклучително важно прашање – дали сме достојни наследници на нивната жртва и дали доволно храбро ја носиме одговорноста што тие ни ја оставија?
- Историјата не бара од нас да ги повторуваме нивните чекори. Историјата бара да ја покажеме истата храброст. Зашто секоја генерација има свој Илинден. Некои генерации се бореле против империи. Некои генерации се бореле за држава. Некои генерации ја бранеле слободата со оружје. А нашата генерација има поинаква, но не помалку тешка задача – да ја зачува државата силна, да ја направи просперитетна, да ја направи праведна и повторно да ја направи земја во која луѓето ќе веруваат дека вреди да се остане, да се работи, да се создава, да се основа семејство и да се гради иднината тука, дома, во својата татковина - нагласи Мицкоски.
Нагласи дека на денешниот ден не смееме да зборуваме само за славното минато, тоа не смее да биде место во кое ќе се засолнуваме, туку мора да биде темел од кој ќе црпиме сила за она што допрва треба да го изградиме.
-Зашто народ што живее само од својата историја полека почнува да ја губи својата иднина. Но, народ што ја почитува својата историја, а храбро ја создава својата иднина, тој народ никој не може да го запре. А верувајте и ова го кажувам со полна вера, оваа битка на оваа генерација е последната надеж за иднината на државата. И не смее и не можеме да потфрлиме. Битката на оваа генерација е последната линија и сила на отпор против многу неправди, пртив многу историски одлуки за кои иако не влијаевме, беа погрешни и влијаа над нас - рече Мицкоски.
Тој посочи оти знае дека денес Македонија не е земјата и државата за која сонувале илинденците и асмомците, но нашата битка, додаде, е токму да ја вратиме таквата татковина.
-И морам да ви кажам, можеби за некого не толку доволно, но за многумина секој ден, чекор по чекор, одлучно како и во минатото, правиме дела и чекори со кои ја враќаме вербата и создаваме примери каде Македонија победува. Сетете се само пред неколку години какви беа односите на политичките сили во државата. Колку граѓаните беа мајоризирани пред налетот на разно разни интереси на политичките елити. Денес тие се длабоко во опозиција, распаднати помеѓу своите лични интереси и далеку од столчињта на власт кои ним им овозможуваа удобен живот - истакна Мицкоски.
Премиерот нагласи дека тие фотелјите на власт ги држеле не со поддршката од народот, туку со предавствата и отстапките кои ги правеле.
-Горчливиот пелин од тие отстапки го чувствуваме и денес, и да бидеме реални, нема Македонец кој со чувство на тегоби не се потсетува на таквите одлуки. И она што ме загрижува, наместо да имаме натпревар со идеи, концепти и предлози, се создаваат блато, составено од многу нихилизам, омраза, ширење на епидемија од дефетизам, како супстит на квалитетна понуда - изјави Мицкоски.
Тој додаде дека тие на секој успех, национална и државна победа, гледаат со недоверба, а на секоја потешкотија или борба се радуваат и навиваат за неуспех.
-Да им порачам дека никогаш, никогаш нема да се откажам од борбата Македонија да ја направам подобро место за живеење. Наш дом и наша иднина. Никогаш нема да го прифатам нивното однесување на отстапки кон прашањата кои се блокада на нашиот пат кон ЕУ и никогаш нема да го разочарам народот на нашата татковина. Јас предавства на штета на државата и народот, како што се правеше во минатото, по ниту една цена нема да направам. Не паѓајте во замката на талогот кои тие го создаваат. Ве молам внимавајте и не им верувајте на тој талог на неуспеси, цинизам и мразење на се што е успешно. Нашата генерација има обврска да се избори за нешто што е подеднакво важно – да ја сочува душата, да ја врати вербата во институциите, достоинството на чесниот човек и повторно да ја направи надежта најсилната движечка сила на нашето општество - истакна Мицкоски.
Ново на Сител
-

Критики од ДУИ за ребалансот
-

Охрид полн со туристи, се бара место повеќе
-

Политички судир за фузијата на градинките во Штип
-

Преглед на вестите од светот
-

Во Центар платени 3.360 евра за квадрат – Цените на становите растат
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

ФК Силекс и оваа сезона со амбиции за висок пласман
-

13 заразени со западно-нилска треска, тројца во критична состојба
