Мицкоски предлага 5 мерки за помош на граѓаните и стопанството
Викенд без ДДВ за основните прехрамбени производи, државна субвенција на половина од електричната енергија за компаниите кои не се регулираниот пазар, ноќните и викенд вишоци на струја кои ги произведува ЕСМ да бидат наменети исклучиво за македонските фирми. Работодавачите да можат да одберат кој ден наместо недела да им биде неработен.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска со свои предлог мерки за спас на стопанството, зачувување на голем број работни места и подобар животен стандард на граѓаните.
Мицкоски ја повика власта внимателно да ги разгледа, а не само паушачно да ги одбие овие мерки, за кои опозицијата има подготвени и законски измени кои деновиве ќе бидат поднесени во Собранието.
Предлагаме интервенција во Законот за личен доход и таа иницијатива ќе ја поднесеме во Собранието, во текот на оваа или следната недела, со кој што ќе се одложи скалестото оданочување. Тоа ќе почне да важи од 01.01.2023 година, и директно ќе удри на стандардот на граѓаните, а ќе влијае и врз финансиската ликвидност на компаниите. Затоа ние во рамките на Парламентот ќе поднесеме инцијатива за повторно одложување на примената на овој закон, а тоа е Законот за личен доход, односно да бидам попрецизен, скалестото оданочување да се одложи за уште една година, односно до 31.12.2023 година. Петто, дестерилизираат на благајничките записи во Народната банка. Таму цениме дека има помеѓу 150 и 160 милиони денари пари од банките од фондовите кои што се наоѓаат запишани во благајничките записи. Да се дестерилизираат со намалена емисија на благајнички записи и тие пари да се вратат назад кај банките, а потоа банките тие пари да ги пласираат до стопанството, односно да ги стават на располагање на стопанството со што ќе ја помогнат ликвидноста на компаниите, а работните места ќе бидат сочувани, вели Мицкоски
Мицкоски е задоволен што Владата ги прифати неговите контакти за снабдување со поевтини енергенси и неговиот предлог комуналните претпријатија, здравствените установи и школите да влезат на регулираниот пазар на електрична енергија. Сепак, за вчерашниот сет мерки кои ги презентираше Ковачевски вели дека не се доволни. Со нив, нема помош за голем број граѓани, ниту за стопанството кое полека, но сигурно изумира.
Мерките од планот наликуваат на оние од ковид кризата кои апсолутно на ниту еден начин не го заштитуваат животниот стандард на граѓаните и не ги решаваат проблемите со кои се соочуваме како земја.
Трето, нема детален план со буџетски пресметки за секоја мерка. Ова наликува на милијардите на претходникот на Ковачевски кој помпезно ги најавуваше на прес конференција, кои не беа реализирани во проекти.
Следно, нема никаква конкретна поддршка за бизнисот и извозниот сектор кој е силно погоден од енергетската криза, вели Мицкоски.
Мицкоски има можност да покаже вистинска конструктивност во процесот на справување со последиците од економската и енергетската криза.
Се што треба тој да направи е да ги повика неговите пратеници во Собранието да се откажат од блокадите на законите кои се важни за граѓаните, за стопанството и енергетскиот сектор, велат од СДСМ како одговор на Мицкоски.
Владата предводена од СДСМ подготви нов пакет мерки вреден 350 милиони евра со кои ќе им се помогне на над 200.000 граѓани од ранливите категории, но и на домашните компании за полесно справување со кризата.
Реализацијата на овој пакет мерки е поврзан со измена на неколку законски решенија, па Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ доколку навистина сакаат да помогнат, нека дадат поддршка за законските измени, за помошта што побрзо да дојде до оние на кој им е најмногу потребна.
Сега не е време за суети и политички надмудрувања, туку за заедничка работа во интерес на граѓаните, посочуваат од СДСМ.
-

Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар
