Мицкоски на свечено отворање на фабриката „Брејнчајлд“ во индустриската зона Жабени

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на свечено отворање на фабриката „Брејнчајлд“ во индустриска зона Жабени, Општина Битола.
Свеченото отворање е закажано за 11:00 часот, а како што информираат од владиниот Сектор за односи со јавноста, во 12:15 часот е предвидено изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски.
Во индустриската зона „Жабени“ во Битола ќе биде отворен производен капацитет на компанијата „Брејнчајлд Производство“ ДОО Битола, втор на овој бренд за развој на иновативни и одржливи производи за спортови на ветер и вода.
Од компанијата најавуваат присуство на премиерот Мицкоски, министри во Владата, сопственикот на „Брејнчајлд“ Ралф Гросел, градоначалникот на Битола Тони Коњановски,....
Главна активност на новата компанија ќе биде сериско производство на продуктите на брендот Брејнчајлд, за што веќе е изградена хала од 3500 метри квадратни.
МИА
Ново на Сител
-

Дипломатски битки низ три и пол децении
-

Охридскиот аеродром доби нов и современ лик, украсен со реплики од фрески и мозаици од Плаошник и Св. Софија
-

Отворен реконструираниот аеродром св. Апостол Павле
-

Во Струмица започнува 34-то издание на ФКТ Ристо Шишков
-

Прилепските бизнисмени: Санација на Прилеп-Градско преку Плетвар и измени на боледувањата и дел од царинскиот тарифник
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Бобан Милошески, Авалон продукција
-

Преглед на вестите од светот
