Македонија
22. July 2026 - 9:49

Мицкоски на пуштање во употреба на реконструираното одделение за Трауматологија во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски”

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на пуштање во употреба на реконструираното одделение за Трауматологија во ЈЗУ Универзитетска Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски” - Скопје.

Од владината прес-служба информираат дека предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиуми.

 

МИА

Ново на Сител