Мицкоски: Мојата визија е Македонија да стане држава на можности, а не на изговори, Македонија забрзува

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, во синоќешното обраќање од градскиот стадион во Струмица, по повод 36-тиот роденден на партијата одржан под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, порача дека Македонија мора да забрза, да се движи напред со самодоверба, со јасна насока и со вера во сопствените можности, бидејќи граѓаните на оваа држава, Македонија, тоа го заслужуваат, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.
Мицкоски ја искажа неговата визија за Македонија како држава на можности во која институциите работат за граѓаните, правдата важи за сите, а успехот се мери според знаењето, трудот и резултатите.
„Мојата визија е Македонија да стане држава на можности, а не на изговори. Држава во која институциите работат за граѓаните, правдата важи за сите, а успехот се мери според знаењето, трудот и резултатите. Сакам држава која не чека подобри времиња, туку сама ги создава. Земја која се движи напред со самодоверба, со јасна насока и со вера во сопствените можности. Македонија мора да забрза. Не затоа што некој тоа го бара од нас, туку затоа што нашите граѓани го заслужуваат. И кога ќе нè прашаат што не движеше во овие времиња, одговорот ќе биде едноставен: љубовта кон татковината. Љубов посилна од сите пречки. Вера посилна од сите сомнежи. И народ посилен од сите предизвици“, рече Мицкоски.
Претседателот Мицкоски потенцира дека Македонија не се предава и не застанува, напротив, како што вели тој, Македонија забрзува, а ова е почеток на едно ново поглавје во кое се испишуваат нови успеси и дела за кои ќе сведочат и ќе ги паметат генерациите.
„Македонија не застанува. Македонија не се предава. Македонија забрзува! Ова не е крај на еден собир. Ова е почеток на едно ново поглавје. Поглавје во кое нема да зборуваме за пропуштени шанси, туку за нови успеси“, истакна Мицкоски и додаде:
„Ќе работиме повеќе. Ќе се бориме посилно. Ќе веруваме уште повеќе. И затоа, драги пријатели, кога ќе се изгаснат светлата од овој собир, кога ќе заврши музиката и кога секој од нас ќе се врати во својот дом, останува едно прашање: Што ќе оставиме зад себе? Дали ќе оставиме уште една пропуштена шанса или ќе оставиме дело што ќе го паметат генерациите?“
МИА
Ново на Сител
-

Фон дер Лајен: Шокантни беа сцените од погребот на Младиќ во Белград
-

Силјановска Давкова го честита 8-ми Септември: Нашата визија е стабилна и напредна европска држава
-

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината
-

Макрон бара забрана за социјалните медиуми во цела ЕУ за лица под 15 години
-

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе ја добиеме војната против Иран
-

Пуштање во употреба на реконструираниот аеродром во Охрид, ќе присуствуваат премиерот Мицкоски и вицепремиерот Николоски
-

Македонија одбележува 35 години независност
-

Топло со југоисточен ветер, од утре попладне наместа дожд
