Мицкоски: Многу скоро ќе се излезе со информација за тоа што се случило во Гостивар и ќе има одговорност

Премиерот Христијан Мицкоски во врска со актуелната состојба во Гостивар каде голем број граѓани се жалат на стомачни тегоби, нагласи дека се преземат сите мерки и оти ќе има одговорност за случајот.
- Во овој момент сите институции се на терен, се преземаат мерки, се испитуваат мостри од водата и имаме процес кој го води и Обвинителството. Мислам дека многу скоро ќе се излезе со информација за тоа што се случило, кој е тој кој што дал наредба тоа да се случи и, се разбира дека ќе има одговорност - истакна Мицкоски при денешната посета на Општина Дебaрца.
Потенцира дека за него е шокантно тоа што луѓе несовесно се однесуваат и повтори дека одговорност ќе има за случајот.
-Нема така да помине случајот. Јас навистина не можам да разберам некои луѓе како може така дрско и така несовесно да се однесуваат. Просто е неверојатно како така лесно ги прифаќаат овие работи и како се одлучуваат да прават такви работи. За мене, ово е се шокантно и просто за неверување е сето ова што некој таму го направил. Но, ќе има одговорност, се разбира, и таа одговорност нормално понатаму во рамките на судски процеси ќе треба да се констатира - рече премиерот Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Бугарија бара да не се следи дали ги спроведува пресудите на Европскиот суд за човекови права
-

Следната недела маркетите на средба во Владата - ќе се бараат причините за зголемените профитни маржи
-

Европска трка по бакар и критични минерали: Каде е Македонија?
-

Даниела Димовска ќе раководи со Кривичен суд Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Уставен одлучува за платеното рекламирање по иницијатицата на Левица
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Левица и ДУИ прво нека се договорат меѓу себе што сакаат од Изборниот законик
-

Сиљановска на Самитот на НАТО: Обединета Европа значи посилна Европа
