МФ: Во буџетот за годинава не се планирани пари за повисоки плати на функционерите
Во буџетот не се предвидени пари за нови покачувања на платите функцинерите. Ова е ставот на министерството за финансии по информациите дека веќе покачените плати за 78% од месецов ќе се зголемат за уште 400 евра.
Во Буџетот за 2024та година кој е усвоен во Собранието, не се планирани средства за зголемување на платите на избраните и именуваните лица. Во Буџетот за 2024та се планирани за 10% повисоки средства за исплата на плати на вработените во јавниот сектор, согласно потпишаниот Општ колективен договор, велат од финансии.
Премиерот Ковачевски вели дека неговата плата нема да расте со оглед дека до крајот на месецот ќе ја напушти премиеркста функција. Сепак не даде ниту информации кога работната група во Владата ќе излезе со решение за регулирање на платите на сите избрани и именувани лица.
Над 1000 избрани и именувани лица повеќе од 8 месеци земаат за речиси 80% повисоки плати откако Уставниот суд ја одмрзна основицата по која се пресметуваат платите. По бурните реакции на јавноста и особено на синдикатите Ковачевски најави носење нов закон со кој ќе се регулира начинот на пресметка, но до овој момент нема ниту предлог законско решение.
-

Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар
