-->
-->
Меси прв фудбалер во историјата на фудбалот со 1.300 голови+асистенции
-->

Фудбалерот на Интер Мајами, Лионел Меси, постави историски рекорд.
Триесет и осумгодишниот Аргентинец стигна до 1.300 поени (896 гола и 404 асистенции), станувајќи првиот играч во историјата на фудбалот со вакво достигнување.
Меси синоќа на гостувањето кај Синсинати во четвртфиналниот плејоф натпревар од МЛС (4:0) постигна еден гол и три асистенции.
Меси имаше 941 поени за Барселона, 117 за Интер Мајами, 66 за ПСЖ и 176 за репрезентацијата на Аргентина. Му беа потребни 1.135 натпревари за да ја достигне оваа бројка.
Меси е олимписки шампион, освојувач на Светското првенство, четирикратен победник на Лигата на шампионите и осумкратен освојувач на Златната топка.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Моника Зајкова, лидер на ЛДП
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

Привршува подготовката на новикот Изборен законик
-

Конечно ќе почне изградбата на втората фаза од автопатот Скопје - Блаце
-

Осветен 20 метарски крст во Таринци - донација од три семејства
-

Пожарите го кренаа револтот во Штип
-

Велосипедистите бараат поврзување помеѓу Охрид и Струга
-

Преглед на вестите од светот
