Македонија
19. August 2026 - 16:37

Средба Муцунски – Мацинка: Членството на Македонија во ЕУ приоритет за Чешка

Официјална Прага нуди помош за решение прифатливо за Скопје и за Софија, но спорот меѓу двете страни веќе не е билатерално туку мултирателарно прашање по заклучоците од 2022-ра, порача од Охрид чешкиот министер за надворешни работи Петр Мацинка, кој се наоѓа во официјална посета на земјава. Вели во интерес на Унијата е да се најде решение, но и да ја вреднува подготвеноста на Македонија за членство. За Чешка како пријателска земја членството е приоритет, а решението треба да се бара преку консензус.

Шефот на македонската дипломатија Муцунски го повтори државниот став дека интеграцијата во ЕУ останува стратешка цел, но очекувањата од Брисел се процесот да биде предвидлив и соодветно вреднуван. Македонија не прифаќа преговори за македонскиот идентитет , јазик и посебност, дециден е Муцунски.

Односите на релација Скопје – Софија ќе бидат тема на разговор и при посетата на чешкиот премиер Бабиш на Бугарија следниот месец.

Како сојузници во НАТО, министрите констатирале дека Македонија и Чешка имаат заедничка одговорност за зачувување на мирот, безбедноста и стабилноста во Европа и регионот.  За време на дводневната посета на Македонија, Мацинка ќе се обрати на Амбасадорскиот Совет утре во Скопје.