-->
-->
Мексиканец со лименка пиво удрил полицаец во глава додека го легитимирал на „Октобер фест“ во Ѓорче Петров
-->

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 31-годишен мексикански државјанин, осомничен за напад врз полициски службеник.
Инцидентот се случил на 19 септември, за време на манифестацијата „Октобер Фест – звуците на културата“ во паркот „Ѓорче Петров“.
Според Обвинителството, полицаецот се обидел да го легитимира осомничениот, по што тој го удрил со лименка пиво во главата и му нанел телесни повреди. Потоа повторно физички го нападнал, удирајќи го по рацете додека полицаецот се обидувал да го приведе.
Бидејќи осомничениот нема пријавен престој во државава, обвинителот оценил дека постои опасност од бегство и до судот доставил предлог за определување мерка притвор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Деветти смртен случај поврзан со западно нилска треска
-

Ако цената на горивата продолжи да расте, Владата ќе разгледува нови мерки
-

СДСМ: Расте бизнис мрежата на Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче сака 600 евра минималец, ама не сака дата центри
-

Жетвата на ориз започна, проблемите останаа нерешени
-

Празникот Мала Богородица одбележан во манастирот во Вељуса
-

Преглед на вестите од светот
-

Teма на денот со Петре Ламески, декан на ФИНКИ
