Медицинска сестра Стефани Столевска: Сите сме потенцијални пациенти, но и потенцијални дарители на живот, затоа да кажеме „да“ за органодарителството

Медицинската сестра, Стефани Столевска од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), во видео обраќање, во рамки на националната кампања за подигнување на свесноста за органодарителство и трансплантација, уште еднаш потсетува на важноста на дарувањето органи, за човечноста, за хуманоста и за секоја добронамерно донесена одлука за спас на пациентите, информираат од Министерството за здравство.
- Како медицинска сестра-анестетичар и дел од тимот за трансплантација на органи најпрво би сакала да изразам огромна благодарност кон семејствата на пациентите коишто се наоѓаат во многу тежок момент за донесување одлука за дарување орган. Во тој момент се наоѓаат во многу тешка ситуација, а истовремено придонесуваат да се продолжи нечиј друг живот. Сакам да упатам апел кон целата популација во нашата држава за што почесто дарување на органите, затоа што сите сме потенцијални пациенти, потенцијални донори и никогаш не знаеме што би било во иднина, истакнува Столевска.
Министерот за здравство, Азир Алиу посочува дека со ова видео ја продолжуваат кампањата „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, за да ја зајакнеме јавната свест, довербата и подготвеноста за разговор на оваа тема.
- Последните трансплантации на срце и бубрег уште еднаш нè потсетија дека зад секој спасен живот не стои само медицинска експертиза, туку и една длабоко хумана одлука. Најсилната порака денес доаѓа од докторите, затоа што тие секојдневно ги гледаат и болката на семејствата и надежта на пациентите што чекаат трансплантација, порачува министерот Алиу.
МИА
Ново на Сител
-

Владата бара Китановиќ да го повлече ставот за Младиќ или да си поднесе оставка
-

СДСМ бара транспарентност за дата-центрите, ВМРО-ДПМНЕ уверува дека носат развој
-

„Градски воз“: За 25 минути од Зелениково до Железничка - едносмерен билет 40, повратен 70 денари
-

Успешна туристичка сезона во Дојран
-

Недостигаат хотели со поголеми капацитет
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Ѓоко Велковски, министер за социјална политика, демографија и млади
-

Пријавувањето на соби и апартмани е законска обврска, кампањата „Фер туризам започнува со пријавен доход“ презентирана во Дојран
