Matto Napoletano е меѓу 20-те најдобри пицерии во Европа - најдобра рангирана пицерија на Балканот
Matto Napoletano од Скопје е рангирана на 19. место на престижната листа 50 Top Pizza Europa 2026, со што официјално стана најдобро рангираната пицерија на Балканот и во Југоисточна Европа.
Ова признание претставува значаен успех за Matto Napoletano, но и големо признание за македонската гастрономија. Во конкуренција на најдобрите европски пицерии – од Лондон, Мадрид, Париз, Барселона, Неапол и други гастрономски центри – Скопје уште еднаш го зазеде своето место меѓу европската елита.
Со пласманот меѓу 20-те најдобри пицерии во Европа, Matto Napoletano уште еднаш ја потврди својата позиција во европската елита и остана најдобро рангираната пицерија на Балканот според 50 Top Pizza Europa 2026.
Вредноста на ова признание е уште поголема ако се земе предвид дека Matto Napoletano доаѓа од Македонија – земја со мал пазар, која рамноправно се натпреварува со најголемите европски гастрономски сцени. Овој успех покажува дека врвниот квалитет, визијата и посветеноста немаат големина ниту граници.
Како AVPN сертифицирана неаполска пицерија, Matto Napoletano уште од своето отворање е посветена на автентичната неаполска традиција, бескомпромисниот квалитет, врвните италијански состојки и континуираното усовршување. Ова признание е резултат на години работа, дисциплина, знаење и тим кој секојдневно ги поместува сопствените стандарди.
„Ова признание не е само наша награда. Тоа е признание за македонската гастрономија и доказ дека со страст, дисциплина, знаење и многу работа може рамноправно да се застане покрај најдобрите европски пицерии. Благодарност до нашиот тим, до нашите гости и до сите што веруваат во Matto Napoletano. Ова признание ни е мотив да продолжиме уште посветено, затоа што Matto не брка признанија. Matto гради вредност. А кога вредноста е вистинска, признанијата доаѓаат сами.“
Со ова признание, Matto Napoletano уште еднаш ги позиционира Скопје и Македонија на европската гастрономска мапа и продолжува достојно да ја претставува автентичната неаполска пица, македонското гостопримство и врвниот квалитет во регионот и Европа.


Ново на Сител
-

Доктор и медицинска сестра од клинички сакале да шверцуваат ботокс од Република Кореја
-

Почнаа преговорите за владина реконструкција - денеска со ВРЕДИ, утре со ЗНАМ
-

Еврометар 2026: Расте оптимизмот за демократијата и евроинтеграциите
-

Државата си прави монопол со својата лотарија, остри реакции за предлог законот за игри на срекја
-

Граѓаните да инвестираат во Чербен, наместо да купуваат станови - предлог на Ристов
-

ДКСК со нов план против корупцијата и судирот на интереси
-

Безбедносна конференција во Скопје
-

Осомничените за проневери во ФФМ на распит во суд, обвинителството бара притвор
