Матичната служба издава изводи со графа за националност, одлуката на Уставен не била објавена во Службен весник за да се почитува
Времената мерка на Уставен за суд за неиздавање на изводи со графа националност заглави во институционалните лавиринти. Управата за матични книги се уште издава изводи со графа националност, Уставен суд очекува примена, а Службениот весник најавува објавување на ваквата одлука дури денеска.
Иако уставните судии ставија времена мерка за користењето на Упатството на министерот Лога уште на 5-ти јули, директорот на Управата за водење матични книги Емир Сулејмани во изјава за Сител вели дека додека одлуката на Уставен не биде објавена во Службен весник, ќе се издаваат изводи со графа за етничка припадност. Според него, денеска во Скопје и Куманово биле издадени по 60 изводи за родени и 74 во Куманово, за останатите градови податоците се обработувале.
Според Уставниот суд мерката важи од денот на донесување на решението и не е условено со објавување во Службен весник.
Во конкретниот случај согласно членот 71 од Деловникот донесени се Решение за поведување на постапка како и Решение за запирање на извршувањето на поединечни акти (т.н времена мерка) па во оваа насока информираме дека важењето на мерката не е условено со објавување во Службен весник, што значи важи од денот на донесување на Решението.
Во Службен весник одлуката ја добиле во петокот. Директортот Дејанчо Цветановски во телефонски разговор вели дека го почитуваат законскиот рок од 8 дена за објавување.
Граѓаните пак нервозни велат дека денеска не можеле да добијат извод. Причина била проблем со системот за издавање. Ако сакате да добиете нови документи ќе треба да чекате најмалку 10 дена.
Оние кои пак поднесуваа барање за нов извод или за пријавување на новороденче воопшто не биле информирани дека според Упатството од правда треба да наведат и која националност се.
Извори од Уставен за Сител потсетуваат дека непочитување на одлука на Уставен суд од страна на службено лице , се казнува со казна затвор од една до пет години.
Министерот Лога веќе најави ново Упатство, а во среда Уставниот суд на седница ќе одлучува дали е уставен Законот за матична евиденција.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
