Маснотии во крвта: Спасот е во ореви, грав, лук

Некои луѓе се мака мачат со маснотии во крвта, особено холестеролот, иако не припаѓаат во редот на гурманите. Се разбира, истото се случува и со оние кои не можат да се пофалат со здрава исхрана. Нутриционистите велат дека е можно регулирање на маснотиите и холестеролот со пет клучни намирници.
Јаболката го намалуваат „лошиот холестерол“ за дури 38 проценти. Но, за да се постигне ова, треба редовно да ги консумирате или да пиете сок.
Оревите обезбедуваат најголем процент на „добар холестерол“.
Гравот, богат со растителни влакна, може да го намали холестеролот за шест проценти за само еден месец и половина.
Овесот е богат со растителни влакна и познат непријател на штетниот холестерол.
Лукот со дневна доза од само 5 мг во таблети, успева да елиминира завидни 11 проценти од холестерол. А за да ви се подобри циркулацијата на крвта, доволно е да јадете само еден лук деневно.
Ново на Сител
-

18 општини чекаат изведувач на регионалната депонија кај Мечкуевци
-

Преглед на вестите од светот
-

Иницијатива за ограничување на социјалните мрежи кај малолетници во Македонија
-

Тема на денот со Весна Петрушевска
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Оваа година избори нема да има
-

Нова акција за нелегални филери и средства за слабеење
-

Фотографии, видеа и извештаи од увидите презентирани на рочиштето за ,,Пулс"
