Македонија
10. May 2023 - 12:25

Мал број на претставки за дискриминација во Охрид и Струга

Само 20 преставки од Охрид и Струга до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Според комисијата на ниво на држава најдискриминирана е ЛГБТ заедницата потоа следува дискриминацијата на работното место, дискриминација  по основ на политичка определеност како и помал број случаи на вознемирување на социјалните мрежи.

Во поглед на примена на законите за дискриминација, надлежните велат за жал многу закони и ставки фигурираат само на хартија.

Добрите познавачи сметаат дека покрај дискриминација во поглед на физичките бариери во која насока и се работи изминатите години во Охрид, потребна е поголема посветеност и на надминување на менталните бариери.