Македонското знаме се крена над Њујорк

Во чeст на 35 годишнината на независноста, македонското знаме денеска свечено се крена над Њујорк.
Традиционалната церемонија се одржа во финансискиот центар на Њујорк, пред познатиот споменик на разјарениот бик.
Претставници на Обединетата Македонска Дијаспора, која го организираше настанот, се заблагодарија на десетиците Македонци кои дојдоа и покрај лошото време и најавите за бура.
-Со овој гест сакаме да го потсетиме сите дека сме тука и дека нема да не снема. Како времето денес, имавме 35 тешки ходникот, во кои се обидоа да не избришат, но не им успеа и уште сме тука. Задачата на ОМД е да ги собере Македонците, бидејќи сме посилни кога сме заедно, изјави Арџи Белио од Обединетата Македонска Дијаспора.
Свеченоста беше одбележана со изведба на македонската и американската химна, како и со настап на пејачка Андријана Јаневски, која го изведе хитот Земјо Мила.
МИА
Ново на Сител
-

Фемицидот не е изолирано убиство, институциите мора навреме да го препознаат
-

Институциите го пробиваат рокот за одговор за слободен пристап до информации
-

Преглед на вестите од светот
-

Околу 6% живеат во повеќедимензионална сиромаштија
-

Клековски: Недостигот на медицински кадар глобален проблем
-

Младите од Балканот: Парите повеќе не се мотив за иселувањето, туку корупцијата и нефункционалните системи
-

Четврта Ајвaријада во општина Босилово
-

Преглед на вестите од светот
