Преглед на вестите од светот
Тој на претпоследниот ден од неговиот мандат помилувал 49 лица, од кои 23 биле поврзани со протестите што траат речиси две години, потоа 12 луѓе од „Новисадската група“, како и 11 лица, кои учествувале во инциденти против „блокадерите“.
Тој воедно имаше и обраќање синоќа пред своите симпатизери и подржувачи.
Вучиќ посочи дека денеска ќе ги предаде своите должности на претседателката на Парламентот, Ана Брнабиќ, која ќе биде вршител на должноста претседател на Србија, како и дека првиот круг од претседателските избори ќе мора да се одржи до крајот на декември.
Тензиите меѓу САД и Иран продолжуваат да тлеат, бидејќи двете нации сигнализираат двојна подготвеност за дипломатски преговори и потенцијален воен конфликт по отфрлањето од страна на САД на иранскиот предлог за повторно отворање на Ормутскиот теснец.
Дипломатските тензии датираат од прес-конференцијата одржана во седиштето на Обединетите нации во Њујорк во петокот, каде што Арагчи објави дека Иран им доставил план на САД преку катарски посредници. Тој изјави дека Иран понудил повторно да го отвори Ормутскиот теснец во рок од седум дена и да го врати нормалниот сообраќај доколку САД преземат неопходни реципрочни мерки.
Белата куќа го отфрлила предлогот на Иран, велејќи дека „тој договор нема да биде прифатлив“.
Како одговор, Арагчи истакна дека и покрај јавните забелешки на Трамп, САД сè уште формално не ја доставиле својата одлука за отфрлање до Иран преку посреднички канали, соопштија ирански извори во неделата.
Руски дрон удри во деветкатна станбена зграда во Киев запалувајќи делови од неа и оштетувајќи неколку станови, соопштија официјални лица.
Дронот удрил помеѓу четвртиот и петтиот кат, а пожарите што избувнаа на петтиот и деветтиот кат беа изгаснати, рече тој. Медицинските екипи укажуваа помош, а граѓаните изјавуваа дека дека ова е нереален живот и дека сакаат да ги уништат и избркаат.
-

Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар
