Македонските земјоделци произведуваат повеќе со помалку земја

Во последните десет години земјоделската површина во Македонија е намалена за околу 2,5% од 1 264 408 хектари во 2015, на 1 233 099 хектари во 2025 година.
Иако речиси половина, односно околу 48 % од вкупната територија на државата е земјоделска површина, 40 проценти од неа е обработлива, додека 60 отсто се пасишта.
Во структурата на обработливото земјиште доминираат ораниците и бавчите со околу 80%, додека ливадите учествуваат со околу 12%, лозјата со 4%, а овоштарниците со 3-4%. Во периодот 2015-2025 нема значајни структурни промени; најголемо зголемување има кај овоштарниците (+ 0,3 процентни поени), а мало намалување кај лозјата (- 0,2 проценти поени), покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Пченицата е најзастапена култура со 24,6% или 65.648 хектари од вкупно засеаните површини лани, додека заедно, пченицата, јачменот и пченката зафаќаат 51,1% од сите засеани површини. Луцерката е најзастапена фуражна култура со 6,7%, додека тутунот останува значајна индустриска култура со 5,9% од површините. Од зеленчукот, најголем удел имаат компирите (4,3%) и пиперките (3,4%).
Во периодот 2015-2025 се забележуваат значајни промени и во површините и во приносите. Генерално, се намалуваат површините под житни култури и дел од зеленчукот, но кај повеќето култури приносите по хектар растат.
Македонското земјоделство во 2025 година произведува повеќе со помалку земја, бидејќи кај најважните култури, особено пченицата, јачменот, компирот и пиперките, растот на приносите го надоместува намалувањето на обработуваните површини.
Површините под пченица се намалени за 11%, но производството е зголемено за 27% поради подобар принос, додека јачменот е најголем добитник меѓу житата и има раст од +5% на засадена површина и над 50 проценти повеќе производство и принос. Оризот, од друга страна, има силен пад и на засадени површини (-39%) и на производството (-37%).
Пиперките се најуспешна градинарска култура и во последните години бележат раст на засадена површина од 5% и најголем раст на приносот од +5 тони по засаден хектар. Доматите и краставиците, од друга страна, бележат најголем пад во производството.
Најголем релативен раст од над 50 проценти има кај детелината, што укажува на зголемена потреба од сточна храна. Раст бележат и сончогледот (+8,7%), јачменот (+5,4%) и пиперките (+4,5%).
Најголем пад, од над 70 проценти има кај леќата од 84 засадени хектари во 2015 на 24 хектари во 2025, а од економски поважните култури кај оризот (-38,5%), пченката (-15,2%) и пченицата (-10,9%). Намалување имаат и посевите под грав (-25%) и краставици (-11,4%).
Пченицата за десет години има загубено над 8 илјади хектари, од 73.979 хектари посеви во 2015, е намалена на 65.925 хектари во 2025 година.
Пченката во последните десет години има загубено речиси 5 илјади хектари, од 31.807 хектари во 2015, паднала на 26.960 хектари во 2025.
И покрај намалените површини, пченицата произведува 55 илјади тони повеќе отколку во 2015 година поради значително повисок принос. Тоа е раст од 27 проценти, од 201.218 тони во 2015, на 256.199 тони во 2025 година.
Слично е и кај компирот. Иако посеаната површина е намалена за 14 проценти, приносот е зголемен за 7,6 проценти, од 189.408 тони копмир во 2015, во 2025 година се произведени 203.758 тони компир.
Пиперките, пак имаат раст на засеани површини од 4,5 %,од засадени 8.622 хектари во 2015 година на 9.033 хектари во 2025 година, приносот е зголемен за речиси 30 проценти, од 189.443 тони произведен пипер во 2015, на 244.043 тони во 2025 година.
Најголем пад на производството имаме кај краставиците од 66.830 тони во 2015, се преполовиле на 32.536 тони во 2025 година. Истовремено, засадените површини се намалени за околу 11 проценти.
Значителен пад во производството од над една третина имаме и кај доматите, од 173.434 прозведен домат во 2015, производството во 2015 паднало на 112.645 тони.
Најголем скок во приносот имаме кај пиперката, од плус пет илјади килограми на еден хектар. Еден засаден хектар пиперка во 2015 година носел 21.985 килограми, доека во 2025 година 27.017 килограми.
Значителен раст од над 3 илјади килограми по хектар имаат и компирот (+3.632 кг/ха) и кромидот (+3.431 кг/ха).
Доматите, од друга страна бележат пад на приносот од речиси 10 илјади кг/ха, од 30.740 килограми на засаден хектар во 2015, низ годините постајно се намалува и паѓа на 20.945 килограми по засаден хектар во 2025 година. Приносот на краставиците лани е намален за над 20 илјади кг/ха во однос на 2015 година, додека најзначителниот пад е во последните три години од 47 илјади кг/ха принос во 2022 година, на 29 илјади кг/ха во 2023 година.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски во Њујорк се сретна со заменик секретарот Кристофер Ландау
-

Трамп: Русија ја изгуби контролата врз дизелот, оваа војна мора да престане
-

Три победи за Македонија на првиот ден од Светското првенство во кик-бокс – славеа Нешевски, Николов и Баснарков
-

Бобан Илиоски испиша историја – прв Македонец со договор во GLORY
-

Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат - нови цени на горивата од полноќ
-

Мексиканец со лименка пиво удрил полицаец во глава додека го легитимирал на „Октобер фест“ во Ѓорче Петров
-

Граѓаните револтирани: Ја кренале рампата и паркирале на пешачката патека долж ѕидот на Зоолошката во Градски парк
-

Уште едно лице почина од западнонилска треска, 11 пациенти се на Инфективна
