Македонија
26. January 2024 - 12:31

Македонските села привлекуваат се повеќе туристи

Македонските села магнет за туристите. Органската локална храна ,чистиот воздух и живописната природа е она во што уживаат туристите а доста атрактивни се и авантурите како јавање магариња и возење четирицикли. Голем број од нив, по изминати неколку дена во Охрид, сакаат да ги посетат и руралните места во околината.

Добрите познавачи велат дека потребна е подршка од државата но и поголема вклученост на  мештаните во активностите за развој на руралниот туризам преку обезбедување услови за престој на гостите.

Во охридско Куратица  најбројни посетители  се холанѓаните, данците, и словенците и тоа најчесто оние туристи кои сакаат да избегаат од градскиот метеж и да уживаат во спокојот на природата.