Македонските ракометари ја пречекуваат Словенија во квалификациите за ЕП

Македонската ракометна репрезентација вечер ќе се соочи со Словенија во третото коло од квалификациите за Европското првенство 2026.
Селекторот на Македонија, Кирил Лазаров очекува многу тежок натпревари и има респект за противникот.
-Словенија е во Топ 8 репрезентации во светот. Имавме малку време за подготовки за овој натпревар. Ги знаеме нивните квалитети, но ние ќе се обидеме да ја играме нашата игра. Имаме млада и полетна екипа. Треба да го практикуваме стилот што го прикажавме на Светското првенство. веруваме во позитивен исход и ќе се бориме максимално, изјави Лазаров.
Натпреварот ќе се игра вечер од 20 часот во СЦ „Борис Трајковски“.
По првите две кола Словенија е прва во групата со четири бодови, Литванија и Македонија имаат по два, Естонија е последна без освоен бод.
Ново на Сител
-

Постарите лица имаат потреба од нега
-

Четири нови возила за пошта Штип
-

Пиво Фестивал во Прилеп на 17, 18 и 19 јули - Џенан Лончаревиќ, Милица Павловиќ и Јелена Розга главни музички ѕвезди
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ го прославува 36. роденден
-

Филипче: Ни требаат храбри одлуки
-

Стопанска банка и Мастеркард го прошируваат партнерството со поволности за корисниците
-

Тема на денот со Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
