Македонските фудбалери поразени од Саудиска Арабија

Најдобрата македонска фудбалска репрезентација во Прага е поразена од Саудиска Арабија во контролен натпревар. Иако македонските фудбалери имаа водство со 1-0, на крајот противникот се радуваше си 1-2.
Иако во поголемиот дел од прво полувреме противникот беше подобар и создаде неколку шанси за го, сепак Столе Димитриевски не дозволи водство на Саудијците.
Македонија беше онаа онаа го отвори резултатот. Прекрасниот еврогол на Александар Трајковски во 40.минута и донесе водство на нашата селекција од 1-0. Сепак радоста не траеше долго бидејќи во 45-тата Ал Бураикин по брзата акција го израмни резултатот на 1-1.
Во вториот дел, по една шанса на обете страни, но без промена на семафорот се до 78-тата минута, кога Ал Хамдан со прекрасен волеј од голема далечина го совлада Димитриевски. Иако во продолжението македонските фудбалери тргнаа поофанзивно во обид да стигнат до израмнување, сепак тоа не се случи.
Овој натпревар за избраниците на селекторот Благоја Милевски беше „генерална проба“ за мундијалскиот квалификациски дуел со Лихтенштајн. Тој натпревар ќе се игра на националната арена „Тодор Проевски“ во Скопје во недела 7 септември од 18 часот.
Ново на Сител
-

Македонската фолклорна група „Илинден“ од Торонто освои прва награда на меѓународен фестивал во Краков
-

ЈП „Водовод и канализација“: Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Тотенхем со нова победа се поблиску до опстанок во Премиер лигата
-

Детроит и Кливленд по мајсторките ја минаа првата рунда од плеј офот во НБА лигата
-

„Ролинг Стоунс“ го најавија новиот албум и неговиот наслов
-

Во Берово најстудено утрово, во Гевгелија најтопло
-

Кошаркарките на Крива Паланка на чекор до прва шампионска титула
-

Ф1: Трета последователна победа на Антонели
