Македонија
4. May 2026 - 9:44

ЈП „Водовод и канализација“: Водата во Скопје е безбедна за пиење

Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат резултатите од анализите од неделниот лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење спроведени во Секторот за санитарна контрола на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје во текот на изминатата надела.

- Секторот за санитарна контрола во периодот од 27.04.2026 до 30.04.2026 зема 147 примероци за физичко-хемиска и 147 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 39 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18), соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

 

МИА