Македонска државјанка се удави на Халкидики

Безживотното тело на 75-годишна македонска државјанка било извлечено од морскиот дел во Неа Каликратија на Халкидики, со возило на брза помош жената била пренесена во здравствен центар, каде што била констатирана смрт,
Од Крајбрежната служба на Грција соопштија дека во попладневните часови вчера, крајбрежната управа на Неа Муданија била информирана дека „75-годишна странска државјанка (државјанка на Република Северна Македонија) била извлечена без знаци на живот од морската област „Неа Каликратија“ во општина Неа Пропонтида, Халкидики“.
– Со амбулантно возило на брзата помош 75-годишната беше пренесена во Здравствениот центар во Неа Муданија, каде што беше констатирана смртта, информираа од грчката крајбрежна служба.
Додадоа дека надлежната управа која ја спроведува предистражната постапка, било наредено да се изврши обдукција во Институтот за судска медицина во Солун.
Ново на Сител
-

35 години независна Македонија, пораки за обединување и нова визија
-

Дејвид Гета во Скопје
-

Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот состав
-

Македонскиот идентитет се негува, јазикот и културата се нашиот корен
-

35 години независност
-

Скопје се подготвува за Дејвид Гета
-

1991-2026 - години на надеж, очекувања, разочарувања
-

35 години политички кризи и пресврти
