Македонија
28. January 2024 - 16:37

Македонија доби техничка Влада, Талат Џафери е новиот премиер

Со поддршка од 65 пратеници Талат Џафери ја превзема премиерската функција во следните 100 дена.

Вели фокусот ќе биде на организирање фер и демократски двојни избори напролет, но нема да запре ниту борбата со криминалот и корупцијата, нема да запрат ниту реформите за исполнивање на стратешката цел на земјата, членството во Европската Унија.

Поддршка не доби од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, а нивните министери не беа дел ниту од заедничката фотографија на новата влада. Џафери сепак очекува кореткна соработка и со министрите од опозицијата, за кои вели дека ја превземале законската обврска да раководат со своите сектори.

Поддршката од ВМРО-ДПМНЕ изостана од повеќе причини, но главно поради тоа што ДУИ нема доволен број на пратеници ниту да предложи ниту да добие премиер од своите редови. Пратеникот Милошовски порача дека денеска СДСМ евтино ја продаде дражавата само за да ја задржи власта, а македонскиот народ го направи кираџија во сопствената држава.

Според СДСМ пак, Џафери и добро и соодветно решение за технички премиер.

На собранбиската седница за избор на Џафери јавноста имаше ретка можност на говорница да го види и лиредот на ДУИ за кого денешниот ден е историски. Испровоциран од говорот на Милошоски, Ахмети порача дека ниту МАкедонците ниту Албанците се кираџии, туку рамноправни народи на Македонија.

Пратеничка група на ДУИ со беџови денеска порача речено-сторено.

На нова седница попладнево Собранието ги избра и замениците министри, со што се заокружи целата постапка за избор на техничката влада.  Новите кадри веќе од утре ќе ги превземат функциите. Прв во 10 часот утре функцијата од Ковачевски ќе ја превземе Џафери.