-->
-->
Магдонос – магичен препарат против пеги и дамки
-->

Дамките и пегите на кожата се резултат на најразлични влијанија, како што се изложеност на сончева светлина, несоодветен третман на акни, користење на различни несоодветни козметички препарати или неправилности во пигментацијата на кожата. Не мора секогаш да користите скапи козметички препарати, затоа што некои растенија, како што се лимон, ротквица и магдонос, претставуваат природно белило на дамки. Недостатокот на витамин Ц во организмот предизвикува загуба на вода во кожата и намалување на синтезата на колаген, кој е важен за клеточниот раст и обновување на телесните ткива, коски и заби. Тоа доведува до истенчување на кожата и хиперсензитивност на надворешните влијанија. Еве 2 домашни рецепти кои лесно се подготвуваат:
1 мл лимонов сок
2 лажици магдонос
1,5 ml дестилирана вода
0.5 dl 70 % медицински алкохол
Магдоносот се сечка ситно и се прелива со дестилирана вода и алкохол. Се става во тегла, се тресе и се остава да отстои преку ноќта. Следниот ден, процедете ја течноста и додадете го сокот од лимон. Лосионот се применува наутро на исчистена кожа. Чувајте го во темно шише. Секојдневна употреба на лосионот ќе помогне во исчезнување на пегите и лузните од кожата
Лосион со речиси ист ефект може да се добие и без лимон и алкохол, и се состои од:
25 грама свеж магдонос
2 dl вода
3 ml минерална вода
Магдоносот се вари во 2 dl вода, се лади во затворен сад, а потоа го отварате садот, за да испари јаглерод диоксидот. Потоа додајте ја минералната вода. Најдобро е лосионот да се чува во фрижидер. Ефект на лосионот ја гледаме во тоа дека ја штити кожата од слободните радикали, го спречува сушењето на кожата и го зајакнува бариера на кожата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Охрид 19 дена во знакот на водените спортови
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за орбазование и наука
-

Протестите сè поизвесни – превозниците бараат решение за престојот во Шенген
-

Војната на Блискиот Исток и инфлацијата го намалија бројот на туристи во земјава
-

Утре ќе се знае дали гостиварци ќе добијат питка вода
-

Дете од година и пол нападнато и искасано од куче во Шуто Оризари
-

Загрижува тоа што насилството станува се побрутално
-

Августовски испитен рок за матура утре и во петок
