-->
-->
ЛОИ 2020: Ѓоковиќ ќе игра полуфинале против Зверев
-->

Првиот носител на олимпискиот турнир во Токио, Новак Ѓоковиќ, ќе игра во полу-финалето, додека вториот носител Данил Медведев од Русија го заврши својот настап во четврт-финалето. Русија сепак ќе има полу-финалист на турнирот во ликот на Карен Хачанов.
Ѓоковиќ лесно се справи со домашниот тенисер Кеи Нишикори. Во двата сета загуби само два гема и за 72 минути славеше победа 6/2, 6/0. Србинот ја забележа 13 победа на досегашните учества на ОИ и се израмни на вечната листа со Роџер Федерер.
Ова беше 16 меѓусебен дуел на Ѓоковиќ и Нишикори, Србинот ги забележал сите победи.
Ѓоковиќ во полу-финалето ќе игра против Александар Зверев кој беше подобар од Жереми Шарди.
Вториот фаворит, Медведев, доживеа елиминација од Пабло Карељо-Буста. Шпанецот победи во два сета 6/2 и 7/6 за еден час и 43 минути игра. Карењо-Буста одигра брилијантен прв сет, два пати му го одзеде сервисот на Медведев и го заклучи сетот, додека во вториот сет успеа да се врати од брејк негатива, а потоа во тај-брејкот го скрши фаворитот.
За пласман во финалето тој ќе се бори против 12.носител, Карен Хачанов.
Хачанов, одигра три сета против Иго Умбер од Фрамција. Рускиот тенисер славеше по два часа и 34 минути игра со 7/6, 4/6, 6/3.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Спорни тендери во кочански „Водовод“
-

Од живо од скопско Таор: Четворица приведени за убиството на 48 годишна жена
-

Сали: ВРЕДИ ќе раководи со 6 ресори по реконструкцијата
-

Пратениците одлучуваат од кога кај матичен лекар ќе се изјаснуваме за донирање на органите по смртта
-

Топлотен бран ја зафати Македонија
-

СДСМ: Загрозен е вториот пензиски столб, ВМРО-ДПМНЕ: Лагите ги повторуваат како папагали
-

80 години од почетокот на граѓанската војна во Грција
-

Уметници творат во Вевчани
