Лога ги кани партиите во работна група за Уставот, Мицкоски го кани Ковачевски на лидерска
Предлогот во македонската Преамбула да се ископира текстот од хрватскиот устав при набројувањето на малцинствата Мицкоски е подготвен да го образложи на лидерска или тет-а-тет средба со Ковачевски, а не преку преставници во владина работна група. Ова тело кое го иницира министерството за правда, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели треба да се формира откако парламентот со 80 гласа ќе ја утврди потебата од носење на уставните измени.
Премиерот Ковачевски веќе во неколку наврати ја одби идејата за лидерската средба за уставните измени. Но, Ковачевски се уште нема конкретен одговор дали е прифатливо хрватскиот модел што тој прв го спомена: македонскиот народ да биде конститутивен заедно со националните малцинства - да биде пресликан и во нашиот Устав.
Албанските партии пак, веднаш го одбија предлогот на Мицкоски тврдејќи дека тој се коси со Рамковниот договор и ја редефинира државата, но стојат на своите барања овие уставни измени да се искористата албанскиот јазик да стане службен.
Миистерот за права Лога пак, денеска им испрати покана до шефот на државата Пендаровски, до свпоите колеги Османи и Маричиќ, како и до парламентарните партии до понеделник да номинираат свои претставници во работната група што ќе ги пишува нацрт-амандманите.
„Во барањето за номинација е наведено дека во интерес на исполнување на нашата обврска која произлегува од преговарачката рамка која ја усвоиле 27 земји членки на ЕУ, потребно е политичко обединување со цел да се загарантира европската перспектива на нашата држава “, се наведува во соопштението од Министерството за правда.
Неофицијално, за експертискиот тим осд оваа група се споменуваат професорката по уставно право и екс министерка за правда Дескоска, академикот Камбовски, поранешната судијка во Стразбур Маргарита Цаца Николовска, професорката по уставно право Беса Арифи и Александар Спасов, советник по уставни прашања од Кабинетот на Пендаровски. Професорот Шкариќ било планирано да биде ангажиран како дополнителен „филтер“, а составот се очекува да се официјализира до средината месецов.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
