Македонија
4. December 2023 - 16:59

Љупчо Палевски Палчо со дебело досие – Само во МВР имал шест кривични пријави

Од контроверзен бизнисмен, до радикален политичар. Биографијата на Љубчо Палевски Палчо е исполнета со редица случаи што го поврзауваат со полицијата и со обвинителството. Почнува како млад политичар во СДСМ, каде во деведесетите е и претседател на Градската организација на партијата и контрверзен бизнисмен, а завршува како основач и претседател на ултра десната радикална проруска партија Десна Трета Политика.

Политички активен преку својот фб Палевски бил и во последните денови. Неговата последна објава е во петокот на 1ви декември кога според МВР тој веќе е надвор од државата. Тој ден и сите преходни Палевски има и по 5-6 објави на фб. Единствен ден во кој не бил активен на социјалните мрежи е 27 ноември, денот на исчезнувањето и убиството на Вања. Сите останати денови кога на фб беа објавувани слики и апели за пронаоѓање на Вања, Палевски објавува политички статуси и видеа.

Според билтенот на МВР во измниатите години против палевски биле поднесени 6 кривични пријави. Првиот случај кога се соочува со органите на прогонот е крајот на деведесетите и е поврзан со нелегалните градби на комплекстот Бастион во Скопје. Тогашната влада на ВМРО ДПМНЕ  спрведе уривање на дивоградбите, а подоцна беше констатирано дека Палчо и неговата тогашна УПА ентерпрајз, добил незаконска оштета од околу еден милион евра

Вториот коруптивен случај е изградбата на зградата Тифани, на крајот од улицата Партизански одреди. Таму немаше уривање, но во притвор заврши поранешната директорка на УЈП, Петра Митева. Според кривичната пријава, таа го оштетила буџетот за околу 570 илјади евра со тоа што направила сомнителна зделка со бизнисменот Љупчо Палевски за објектот „Тифани“ во центарот на Скопје

Во 2019 година на 12 септември беше уапсен на белградскиот аеродром на пат кон Москва и kade oстана неколку месеци во екстрадициски притвор. Случајот беше поврзан со измама во Хрватска каде Палевски своевремено живеел.

Изминативе години во Македонија беше приведуван уште неколку пати. Доби и кривична пријава во април 2019 година  кога Во јавноста преку социјалните мрежи таа година споделуваше дел од бомбите кои од СДСМ завршиле кај него.

За нивно објавување, Тој во 2017та беше приведен по барање на СЈО

Последен пат беше фатен оваа година кај Демир Капија со нелегален пиштол. Случајот се поврзув аше со нелегален ископ на злато.

Своевремено беше и основач на неделникот СТАРТ, една телевизија, и еден дневен весник. Сите медиуми пропаднаа поради долгови.

Според искажаните ставови на неговиот поткаст, Палевски планирал да учествува и на следните избори.