Македонија
15. July 2026 - 9:06

Лишен од слобода Александар Лазаров кој избега од Полициска станица во Кочани

На 14.07.2026 по добиени оперативни информации за лице за кое од страна на МВР е распишана централна и меѓународна потерница, од страна на полициски службеници од СВР Скопје-Потраги од слобода е лишен Александар Лазаров (41) од Кочани.

За Александар Лазаров беше распишана потерница по барање на Основен суд Кочани осомничен за сторено кривично дело по член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Лицето е спроведено во Полициска станица Кисела Вода за понатамошна постапка.