-->
-->
Лејкерси повторно купуваат од Далас
-->

Лос Анџелес Лејкерс е во потрага по нов центар, а потенцијална опција за позицијата број пет би можел да биде поранешниот соиграч на Лука Дончиќ, Даниел Гафорд.
„Атлетик“ објави дека Гафорд е реална центарска опција за Л.А. Лејкерс, кој би можел да ги следи стапките на Дончиќ, кој на почетокот на годината беше трејдуван во тимот од „Градот на ангелите“.
- Мислам дека Даниел Гафорд е „петка“ која навистина добро би се вклопила во Л.А. Тој е реална опција, не е недопирлив во Далас, се вели во извештајот.
Гафорд, кој има 26 години, има просечни 12,3 поени, 6,9 скока и 1,9 блокади во 51 натпревар за Далас Маверикс оваа сезона, иако моментално е надвор од тимот поради повреда.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Ангелова победи на изборите за ректор на УКИМ - поените од институтите пресудија во трката
-

14 лица повикани во полиција за монструозното меѓуврсничко насилство во Ѓорче
-

Вонредни контроли на ДСЗИ поврзани со илегалните ботокси и филери
-

Сали: Интензивно работиме на реформите
-

ИПАРД средствата повторно се достапни за земјоделците, Брисел потврди дека нема пропусти
-

Се избира ректор на УКИМ
