Македонија
16. May 2026 - 14:03

Куманово: Тешко повреден малолетник во сообраќајка

На 15.05.2026 во 12:30 часот  во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од ул.„100“ и крак од ул. „100“  во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу  патничко возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(76) и мопед „априлиа“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Куманово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, додека со телесни повреди се здобил возачот Б.С., констатирани во Општа болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово, соопшти МВР.