Крводарителска акција во чест на празникот Голема Богородица организира Црвениот крст

Крводарителска акција во чест на празникот Голема Богородица, под мотото „Твојата хуманост е нечија надеж“, организира денеска Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар во соработка со Институтот за трансфузиона медицина.
Акцијата ќе се одржи во Домот на АРМ од 09 до 17 часот.
Од Црвениот крст очекуваат да бидат донирани од 150 до 180 крвни единици и упатуваат апел до сите граѓани на возраст од 18 до 65 години кои се чувствуваат здраво да земат учество во крводарителската акција, да даруваат крв со една единствена цел да се помогне на сите на кои им е потребна.
На тој начин ќе дадат свој личен придонес за стабилно функционирање на здравствениот систем, ќе спасат човечки животи кои се доведени во кризна состојба предизвикана од болест, повреди, сообраќајни незгоди, ќе ја покажат својата солидарност, хуманост и општествена одговорност, наведуваат од Црвениот крст - Општинска организација Центар.
МИА
Ново на Сител
-

Eпилепсија, вртоглавици, моторни оштетувања: Симптоми на пост-западнонилски синдром
-

Преглед на вестите од светот
-

Денеска се празнува Успение на Пресвета Богородица
-

Премиерот Мицкоски во посета на Манастирот Успение на Пресвета Богородица во Берово
-

Охрид преполн со туристи за празничниот викенд
-

Одржана 15-та средба на Русалии, единтвените играорци чувари на традицијата на бежанците од Егејскиот дел на Македонија
-

Охрид и ова лето во духот на музиката
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
