Кривични пријави за родителите и за двете малолетнички кои тепаа 12-годишно девојче во скопски Аеродром
Полицијата презема кривични по случајот со врсничкото насилство во скопската населба Аеродром, каде 12-годишно девојче беше физички нападнато од малолетнички, а инцидентот беше сниман и споделуван.
Од МВР информираат дека на 1 јули во 19:30 часот, 31-годишна жена пријавила дека нејзината 12-годишна ќерка, претходната вечер во парк во Општина Аеродром, најпрво била принудена во два наврати да клекне на колена и да се извинува, по што била физички нападната од 14-годишна малолетничка. Нападот продолжил и од друга малолетничка, додека повеќе присутни малолетници го снимале целиот настан со мобилни телефони.
Во текот на истиот ден во полициска станица бил извршен службен разговор со двете малолетнички во присуство на нивните родители. За случајот биле известени јавен обвинител за малолетници и Меѓуопштинскиот центар за социјална работа.
МВР соопшти дека продолжува со утврдување на идентитетот и на останатите инволвирани малолетници за целосно расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени кривични пријави за кривичните дела „насилство“ и „запуштање и малтретирање на малолетно лице“, со кои ќе бидат опфатени и родителите на малолетничките.
Ново на Сител
-

Спорни тендери во кочански „Водовод“
-

Од живо од скопско Таор: Четворица приведени за убиството на 48 годишна жена
-

Сали: ВРЕДИ ќе раководи со 6 ресори по реконструкцијата
-

Пратениците одлучуваат од кога кај матичен лекар ќе се изјаснуваме за донирање на органите по смртта
-

Топлотен бран ја зафати Македонија
-

СДСМ: Загрозен е вториот пензиски столб, ВМРО-ДПМНЕ: Лагите ги повторуваат како папагали
-

80 години од почетокот на граѓанската војна во Грција
-

Уметници творат во Вевчани
