Ковачевски повикува на обединување, Мицкоски бара СДСМ да ги прифати предлозите на опозицијата
Со повик на национално обединување за продолжување на европскиот пат премиерот Ковачевски го отвори официјалната сесија за отворање на Преспа форумот.
Според него, Македонија е пред нов предизвик кој бара одговорност од сите политички чинители во државата.
Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, пак, од Гевгелија рече го повтори предлогот кој му го достави на Ковачевски на лидерската средба. Рече дека одложеното важење на уставните измени ќе биде гарант бидејќи доколку Македонија не влезе во ЕУ, тогаш ниту уставните измени нема да важат.
Една недела по лидерската меѓу Ковачевски и Мицкоски партиите не отстапуваат од своите толкувања на исходот од средбата. Владата потврди дека краен рок за преговори со ВМРО-ДПМНЕ е денот кога уставните ќе бидат ставени на пленарна седница.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар
