Македонија
25. December 2021 - 16:37

Ковачевски го крои кабинетот, СДСМ во понеделник ќе носи одлуки

На само два дена од Централниот одбор на СДСМ на кој владејачката партија треба да го потврди претседателот Димитар Ковачевски за мандат во новата Влада нема потврдени имиња за министри и дали ќе се задржи курсот на поголемо учество на жените во извршната власт. Информациите од СДСМ се дека се уште траат разговорите и консултациите на Ковачевски и за тоа кој биде дел од раковдството на партијата и за тоа кој ќе влезе во Владата.

„Очекувам одлука од ЦО и за мандатар по што ќе следуваат и следните чекори. Согласно уставот имаме 20 дена за сосв на новата Влада“, ни одоговори лидерот на СДСМ за тоа до каде е формирањето на владата.

Ковачевски на средба со партискиот подмладок само потврдува дека следуваат промени.

Досега од партиските и владините функции се повлекоа Шеќеринска, Царовска, Филипче… Од раковдството на СДСМ најави дека би се повлекол и Оливер Спасовски. Промени во Владата пак, се очекуваат и во Министерството за труд и социјална политика каде што кадар е уште една жена – Јагода Шахпаска.

Се шпекулира дека недостатокот на жени Ковачевски ќе го пополни со Нина Фити која би била и потпретседателка на СДСМ и министерка, а се зборува дека во партиското раководство и во владата ќе влезе и пратеничка.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак, велат дека независно од кадровските промени во Владата и во СДСМ во власта ќе продолжи и истата матрица од Заев и со Ковачевски. Опозициската партија и понатаму инсистира на избори.

Ковачевски пак, вели дека е отворен за комуникација со опозицијата, но дека сега не е време за предвремени избори туку за одговорност, а мнозинствотот е стабилно.

„За мене интересот на граѓаните е на прво место, секако сум отворен за комуникација и соработка со опозцијата. Тоа е нормлано во секое демократско општество“, ни пиша Ковачевски.

Според најавите шефот на државата Пендаровски во среда ќе го му го предаде мандатот за нова влада на Ковачевски. При тоа тој, нема да побара писмена потврда од најмалку 61 пратеник кои застануваат за кандидатурата на лидерот на СДСМ, пракса која беше воспоставена од Иванов при предавање на мандатот на Заев, но која ја искористи и Пендаровски минатата година во вториот мандат на премиерот во заминување.