Ковачевски: Европско знаменце ставивме затоа што патиштата се градат во Европа
Многу изговори но ниту еден одговор иако доби две прашања. Премиерот избегна да каже како ќе се одрази на процесот на интеграции одлуката на Владата да го злоупотреби европското знаменце за законите за Бехтел и Енка и покрај јасните предупредувања кои дојдоа од Брисел. Ковачевски вели, европското знаменце се става на коридорите бидејќи тие се градат во Европа.
Ова не се европски вредности порача опозицијата
Опозицијата вчера со писмо ја извести целата Европска Унија за злоупотребата на европското знаменце. Реакција побаравме од официјален Брисел но до овој момент прес службата нема одговорено на нашите прашања.
Но евроамасадорот во Скопје денеска повторно предупреди. Злоупотребата ќе се најде во европскиот извештај.
Владата за утре најави церемонија на поставување на камен темелник на коридорот 10. Колку пари плативме за забавата пред Гостивар, се уште не е познато.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
