Колку поголем стомак, толку повеќе шанси за прерана смрт

Смртноста е директно поврзана со обемот на струкот, покажуваат податоците од едно истражување за навиките во исхраната.
Истражувањата биле спроведени меѓу 100 илјади луѓе постари од 50 години.
Податоците покажале дека смртноста кај мажите чиј обем е поголем од 120 сантиметри е двапати поголема отколку кај мажите со обем на половината помал од 90 сантиметри.
Кај жените кои имаат обем поголем од 110 сантиметри има 2,4 пати поголема смртност во однос на жените чиј струк е помал од 75 сантиметри.
Секои десет сантиметри повеќе, како кај мажите така и кај жените, го зголемува ризикот од прерана смрт најмалку за 20 отсто.
Лошата исхрана и слабата физичка активност се најважните фактори кои придонесуваат за епидемијата на зголемена телесна тежина и дебелина во светот.
Ново на Сител
-

Повреден Македонец дома ќе се враќа со владиниот авион
-

Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-

Гостиварци да не плаќаат за вода, предлага народниот правобранител
-

Бројката на потврдени случаи на западно-нилска треска стигна до 20
-

Жештината го нарушува и менталното здравје - сè повеќе психички тегоби за време на екстремните горештини
-

Битолчани најнедисциплинирани со електрични тротинети
-

Инфлацијата падна на двегодишен минимум
-

Индустријата бележи раст, но рударството останува најслабата алка
